ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 На интернет прочитав..

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
maister
ТОРМОЗ модератор
ТОРМОЗ модератор
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 376
Години : 30
Локација : Скопје
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 717
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 18

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пон 12 Окт 2009, 17:17

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 13 Сеп 2009, 22:17

Четри самоубиства во изминатите два дена се случија во Македонија. Во два од случаите бесење е начинот со кој си го одзеле животот.
Вчера
сопственикот на Хотел Лаки во полицијата пријавил дека еден од гостите
се самоубил во собата во која престојувал. На шести септември пријавил
во хотелот дека ќе остане седум дена. Но вработените почуствувале
непријатна миризба од неговата соба, а кога отвориле го пронашле Алиу
обесен на цевките од купатилото. Телото е пратено на обдукција.
Причините за самоубиството се непознати.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 11 Сеп 2009, 17:13







Големиот харем


Турската
полиција го растури харемот на еден нивен сограѓанин, кој повеќе од 2
месеца држел девет девојки во вила во предградие на Истанбул, кои за
цело време мислеле дека учествуваат во риалити шоу како Големиот Брат.

Според
локалните медиуми, девојките во куќата биле терани да се борат меѓу
себе, да носат бикини и да играат покрај базенот. Според мајката на една од девојките, тие не биле малтретирани или сексуално злоупотребени.

Натпреварувачките,
сите на возраст меѓу 16 и 24 години, во вилата завршиле откако се
пријавиле на конкурс за учеснички во риалити шоу кое требало да се
емитува на една од поголемите турски телевизиски станици.

Девојките објаснуваат дека сфатиле дека станува збор за измама веднаш штом биле пренесени во вилата.
Инаку,
полицијата интервенирала по пријавите од семејствата, кои се загрижиле
бидејќи не можеле подолго време да контактираат со нив.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Саб 22 Aвг 2009, 18:42

Две жени од Кина откриле дека освен што ја делат работата, го делат и сопругот.

Откако
приказната излегла во јавноста, 42-годишниот Cui Bin од Zhengzhoua е
осуден на 3 месеци затвор за бигамија. Cui прво се оженил со Zhang
Dandan со која добиле ќерка, но тој очајнички сакал да добие син. “Отсекогаш сакав да добијам син, но поради тоа што законот во Кина
допушта да се има само едно дете, морав тајно да пронајдам нова жена“ -
признал Cui. Потоа се запознал со Wang Na, се
оженил со неа и го добил толку посакуваниот син. Делејќи го времето на
половина, подеднакво се грижел и за едното и за другото семејство.
Честите отсуства ги оправдувал со патувања, а не ни сонувал дека
неговите сопруги кои биле колешки на работа, ќе ги зближи заедничката
љубов кон караоке забавите. Wang знаела дека нејзината
пријателка има ќерка со сопругот кој е градежник и кој често патува.
Zhang пак, знаела дека нејзината пријателка неодамна се омажила и
добила син, но никогаш не ја посетила дома. Тие не ни сонувале дека го
делат сопругот, се до еден ден кога Wang слушнала како Cui зборува на
телефон со друга жена. Откако си отишол, таа го свртела
истиот број и не можела да поверува на своите уши. „Жената која се јави
ми рече дека е сопруга на Cui. Веднаш си ги препознавме гласовите и сме
многу лути на Cui“ - изјавила Wang.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 32
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 09 Aвг 2009, 22:23

Извинете што реплицирам на стар пост

Aleksandar напиша:
Ја на интернет прочитав дека постоело училиште кое
го полагаш на компјутер... нема училиште и ништо друго... лол тоа е
закон :D :D
Све иде преку камера на компјутерот и професори во америка кои те посматраат преку камерата да не препишуваш crtez хехехе

тоа го има одамна и тоа пред да има WEB камери односно кога интернет брзините беа 33,6kbps и познавам еден човек кој има завршено два такви факултети (да да два) и тоа амерички ама пак работи тука во Македонија и тоа со средно... па сега колку стварно се ефикасни тие факултети ???
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 09 Aвг 2009, 16:18

Иако од мали ве учеле дека празнењето на меурот за време на туширање
е гадна и простачка навика, еколозите денес апелираат да почнете со
практикување на истото и така да штедите вода и да ја зачувате
планетата.




Новата реклама на бразилското здружение за зачувување на природата ги
поттикнува луѓето да уринираат под туш за да заштедат на вода и ги
сочуваат прашумите.

Анимираната ТВ реклама на здружението SOS Mat Atlantic прикажува различни анимирани ликови како уринираат под туш.

Гласноговорничката на организацијата Адриана Кфоури вели дека станува
збор за реклама која на шеговит начин сака да предупреди за сериозен
проблем.

Во видео клипот се истакнува дека со секое испирање на WC шолјата се
трошат 12 литри вода, што значи ако го намалите олеснувањето во шолјата
за само еден ден, годишно ќе заштедите 4380 литри вода.



_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 25 Јан 2009, 15:50


Данијел и Милица во Алкатраз!?







Поранешните
студенти на Операција Тријумф, Данијел Павловиќ и Милица Мајсторовиќ,
по одлуката на челните луѓе на Емоушн, со песната Алкатраз во дует ќе
настапат на претстојната Беовизија, преку која Србите го избираат
својот претставник за Евровизија.

Темата Алкатраз повеќе влече
на фолкот, отколку на поп-музика, но одговорните не се сомневаат дека е
доволно комерцијална на овие двајца популарни крагујевчани да им донесе
многу гласови, а и можност да патуваат во Москва.

Инаку, песната
Алкатраз ја напиша Марина Туцаковиќ, која по смртта на својот син,
полека и се враќа на музиката. Подготвувана е во најголемата тајност во
студиото во Кошутњак...

Со дуетот со Милица, Данијел ќе се обиде
да го повтори успехот на својата полусестра Марија Шерифовиќ. Освен
тоа, Емоушн размислува да испрати на Беовизија најмалку уште еден
студент. Единствено е познато дека тоа не е Мика Костиќ, која на
Беовизија ќе настапи без подршка од Емоушн.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Саб 17 Јан 2009, 16:42

Секси сестрите заведуваат заедно




Сестрите
Крус ги обединија силите и покажаа колку се убави, сексапилни и
заводливи во новата кампања за Mango. Својата лимитирана модна линија
Penelope&Monica Cruz for MNG ја претставија на јавноста низ црно
бели фотографии.




Иако актерството е нејзина љубов, Пенелопе Круз со помош на нејзината
сестра Моника креирала лимитирана колекција на гардероба за Манго.

Во центарот на колекцијата е мал и црн фустан кој Пенелопе едноставно го обожава и знае колку тој значи за жените.

Покрај едноставниот црн фустан, во колекцијата се наоѓаат и парчиња инспирирани од Јапонија, како кимона и широки панталони.

Пред самата да се проба во создавање на мода, Пенелопе беше модел за
колекцијата на P Diddy, а од 2006 година, таа е заштитно лице на
козметичката куќа L'Oreal. За време на тригодишната врска со Том Крус
таа беше заштитно лице и за Ralph Lauren.

Зафатената Пенелопе снима нов филм во кој глуми со Софија Лорен и Кејт
Хадсон, но покрај забрзаниот работен ритам таа сепак пронајде време за
опуштање покрај момчето Хавиер Бардем, и со него отиде на краток одмор.







Ме потсетуваат на Емина Јаховиќ

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пон 05 Јан 2009, 21:52


СКАНДАЛ !!!






Хрватската
телевизија Нова објави погрешни броеви за гласање за победникот на
Операција Триумф, сите гласови на Александар заминаа кај Црногорката
Нина Петковиќ!

Ден пред големото финале
на Операција Триумф, ова реално шоу го потресе скандал предизвикан од
хрватската телевизија Нова, што се заканува да ја загрози регуларноста
на целото шоу. Имено, од вторникот, кога започна гласањето за победник
на ТВ Нова, објавни се погрешни телефонски броеви, па неколку дена,
секој глас упатен на нашиот Александар, досегашен фаворит на публиката,
всушност отиде на сметка на Црногорката Нина Петковиќ!

ТВ Нова го објави бројот 060888813
покрај имињата на Алксандар и Нина. И додека повиците на овој број
всушност одеа на контото на Нина, Александар остана без своите гласови.
Неговиот вистински број 060888803 не беше објавен
дури до саботата, и тоа после повеќе интервенции на гледачите на
Операција Триумф. Досегашниот апсолутен фаворит на публиката остана
оштетен, бидејќи точниот број на пристигнати гласови за овие неколку
дена не може да се утврди.

И додека на повеќе
форуми се шпекулира дека можеби се работи за намерна грешка, фановите
на Александар добија извинување и одговор дека така им било јавено од
Белград и дека не смееле да ја исправат грешката се додека од Белград
не им биде јавено да го направат тоа.

Продукцијата
„Емоушн" немаше коментар на овој скандал. Александар Белов, според
неофицијални податоци, до сега после Македонија најмногу фанови имаше
токму во Хрватска.

Помалце или повеќе очекувано, ушто со
скандалот со Сакис, се знаеше дека нема да дозволат Александар да
победи. Имаше долго, долго критикување од жирито со цел да го паднат
психички, кога видоа дека неможат така, се обидуваат и со вакви потези.
ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ОБЕДИНЕТИ И ДЕНЕСКА СИТЕ ДА ГЛАСАМЕ ЗА АЛЕКСАНДАР ЗА ДА ПОБЕДИ!!!!
OT ALEKSANDAR на 141314!!!















_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Саб 27 Дек 2008, 13:23

Слушнавте ли за масакарот?
Преправен човек во Дедо Мраз отишол на божиќ кај својата веќе бивша жена (се развеле 1 недела пред инцидентот)
Направил масакар. Има 8 жртви меѓу кои неговата бивша жена и нејзините родители. Како и 8 годишно девојче кое кога го видело Дедо Мраз му истрчала во прегратки и добила куршум во чело.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 26 Дек 2008, 01:06

ВЕСТ: Од Љиља завршив на психијатар


"Само сакам да кажам дека со последната изјава на тужената, мојот живот во
Македонија стана невозможен. Овде, од еден угледен спортист, кој
придонел за Македонија, завршив на психијатар", плачеше Будимир вчера
во судницата.

Андријана Будимир ја тужи менаџерката на Тоше
Проески Љиљана Петровиќ за клевета. На 15 октомври годинава, само еден
ден пред годишнината од загинувањето на Тоше Проески, менаџерката
Љиљана Петровиќ во едно од изданијата на Ти-порталот, како и на
хрватскиот портал "24 сата" изјавила дека Андријана Будимир и Тоше
воопшто немале комуникација последните 16 дена од неговиот живот.
Изнесените невистини тужената Петровиќ свесно ги темпирала ден пред
годишнината од трагичниот настан, смета тужителката Андријана Будимир,
со цел неа да и нанесе штета. Поради тоа, Будимир поднела приватна
кривична тужба за клевета, а судскиот процес почна вчера во Основниот
суд Скопје 1. Тужителката бара јавно извинување од менаџерката на Тоше
и парична отштета од 150 илјади евра.
"За разлика од Љиљана
Петровиќ, јас не би сакала да го вовлечам името на Тоше во медиумите.
Само сакам да кажам дека со последната изјава на тужената, мојот живот
во Македонија стана невозможен. Овде, од еден угледен спортист, кој
придонел за Македонија, завршив на психијатар", плачеше Будимир вчера
во Основниот суд Скопје 1. Таа одби пауза за да се соземе, и продолжи:
"Целта на ова судење е да се разбере вистината, тужената Петровиќ јавно
да ми се извини и да ја плати штетата. Ва работата која ја почнав во
Скопје вложив се што сум заработила во животот, но по нејзините
клевети, сите оние со кои работам создадоа впечаток дека не сум при
здрав разум".
Адвокатот на Андријана Ненад Јаниќевиќ рече дека
само во првите часови по објавувањето на интервјуто со тужената, 30
илјади читатели го прочитале текстот. "Штетата што и е сторена на
тужителката е огромна", тврдеше Јаниќевиќ.
Петровиќ во својата
изјава пред Судот објасни зошто и бил потребен листингот од
телефонските повици од службениот мобилен телефон кој му го плаќала
продуцентската куќа "Аворд".
"Во 'Национал ексклузив' неколку дена
по смртта на Тоше излезе интервју со Будимир, во кое таа тврди дека
Тоше возел до хрватската граница таа кобна ноќ, па се сменил на
совозачкото место и дека и се јавил од граница. Тоше ниту возеше до
хрватската граница ниту се јави некому таа ноќ. Не напиша ни порака.
Тој воопшто не возеше таа ноќ", објаснуваше тужената.
"Со оглед на
тоа дека таа изјава предизвика хаос во семејството - дека јас лажам
кога тврдам и во процесот против возачот Ѓорѓе Ѓорѓевски дека Тоше
спиел, имав причина да побарам листинг со повиците од неговиот мобилен.
Листингот го дадов на семејството на Тоше, преку нивниот правен
застапник", рече менаџерката на Тоше. Таа тврди дека не знае како
дознале новинарите дека има листинг од повиците на Тоше од први до 16
октомври лани. "Кога ми се јавија од '24 сата', тогаш ја дадов
изјавата. Ништо не сум темпирала", тврди Петровиќ.
"Мојата изјава
се однесуваше само за тој ден, односно за таа ноќ. Согласно листингот,
Тоше навистина не пратил порака никому ниту се јавил. Не ме
интересираше дали претходно и пишувал порака на госпоѓата Андријана,
сигурно и пишувал, па тие излегуваа заедно. Ме интересираше само таа
ноќ", тврдеше Петровиќ.
На тоа реагираше адвокатот на Будимир, кој
како доказ го упати Судот да провери на листингот дека Тоше и се јавил
на Андријана во 00.01 минута на 16 октомври лани, пред да загине.
"Јас
се качив во 'туарегот' во Ниш во 02 часот, не знам дали претходно Тоше
се јавил некому, но тврдам дека од тој момент никому не се јави и не
пиша порака", тврдеше Љиља.
"Зошто не прецизирала тужената оти
нејзините тврдења дека немало комуникација меѓу тужителката и покојниот
Тоше се однесуваат само за последната ноќ, а не за последните 16 дена
од животот?", ја аргументираше тужбата одбраната на Будимир, на што
тужената рече дека не бил ниту нејзин, а ниту принцип на Тоше да тужи,
демантира, да објаснува и да се влечка по медиумите.
Судењето се одложи за шести февруари напладне, за кога се закажани и завршните зборови на двете страни.
С.К.Делевска


***


Порака имало, ама не за Андријана



"'Волим те, лепо ми пајки', таква порака од последната ноќ од
животот на Тоше немаше. Имаше порака, но не за Андријана. Таа беше за
една драга пријателка на Тоше", рече тужената Љиља. Таа продолжи да ја
нервира Андријана Будимир: "Листингот инсистирам да биде само за Судот.
Сакам да остане тајна со кои луѓе контактираше Тоше тој месец".
Тужителката
Будимир и нејзиниот адвокат вчера првпат ја видоа листата со повиците
од последните 16 дена од животот на Тоше. Според адвокатот Јаниќевиќ,
пораките и повиците се совпаднале според термините, датумите и
саатницата насочени кон мобилниот на Будимир 075 532 630.
Будимир
сосе мобилниот ги даде на судијата на увид сите пораки од Тоше од
последните денови пред несреќата. Пораките и листингот беа единствените
докази кои беа приложени за ова судење.


***


Пораките на Тоше за Андријана


- Принцезо моја убава, убаво да ми спиеш, па ќе те чувам во сонот.
Се има смисла откако повторно си во мојот живот. Те сакам, убаво да ми
нанаш.
- Ангелу мој, те сакам, ми недостигаш, принцезо моја.
- Живеам за тебе, единствена моја, те сакам повеќе од се.
-
Ти си мојата единствена потпора и љубов која ми помага да ја победам и
да ја срушам секоја препрека, а некои дури не ги ни забележувам.
- Принцезо моја, вози полека, ако ме сакаш. Ако нагазиш повеќе од 140, значи дека не ме сакаш. Те сакам, ангелу.
- Внимавај како возиш, особено таму кај онаа кривина. Живеам за тебе, љубов моја единствена, те сакам повеќе од се".


(Пораките се објавени во хрватскиот магазин "Екстра" на 25.10.2007 година)


***


Љиљана Петровиќ барала листа од повиците на Тоше


Хрватскиот веб портал "24 сата" на 15 октомври годинава, пред
одбележувањето на годишнината од смртта на Тоше, објави изјава од
Љиљана Петровиќ во која таа вели дека барала листа на повиците и СМС
пораките од мобилниот телефон на Тоше во последните 16 дена од неговиот
живот. Од листата е видливо дека пораки и повици кон телефонскиот број
на Андријана Будимир нема, се вели во хрватскиот портал.
"Вистина
е дека барав листа на повиците и пораките од телефонот на Тоше. Го
направив тоа за семејството на Тоше и, пред се, за себе. Навистина не
знам зошто таа девојка го прави тоа. Јас не и посакувам никакво зло.
Нека е жива и здрава, но нека го живее својот живот", изјави тогаш
Петровиќ за 24 часа.


***


Будимир за "Глорија": "Тоше ми прати порака пред да загине"


За распламтената љубов меѓу неа и Тоше Проески, Андријана Будимир ,
како што се наведува во написот во хрватската "Глорија", објавен една
недела по погребот на Тоше, со наслов "Тајната љубов откриена после
смртта", приложила докази. "Една од последните пораки и е од кобниот
пат кон Загреб, а во неа Тоше напишал: 'Се има смисла откако си
повторно во мојот живот'. Натаму весникот наведува дека кога стигнал на
хрватска граница, Тоше ја побарал и уште еднаш и посакал добра ноќ,
објави тогаш хрватскиот неделник.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 07 Ное 2008, 22:25

Кичевскиот убиец си пресуди сам на себе

Кичевчанецот
Владо Таневски, за кој постоеше сомневање дека е сторител на неколку
убиства во Кичево, извршил самоубиство во затворот во Тетово, каде
издржуваше притвор од 30 дена.

Според
информациите од тетовскиот затвор, Таневски самоубиството го извршил
околу 2 часот утрово, во тоалетот, каде нашол кофа со вода во која ја
ставил главата и се удавил.

Информацијата, која ја пренесува Нетпрес, ја потврди Јован Михајловски директор на затворот во Тетово.

Кичевчанецот
Владо Таневски, заработи 30–дневен притвор, изречен од страна на
истражен судија. Тој беше осомничен дека стои зад две убиства на Живана
Темелкоска (65) и на Митра Симјаноска, родена 1944 година, двете од
Кичево.

Покрај овие две, постоеа индиции дека осомничениот ја
убил и 56- годишната Љубица Личоска, која била пријавена за исчезната
на 10.11.2007 година, а на 3-ти февруари годинава беше пронајдена мртва
во близина на планинскиот превој Стража, а исто така постои основано
сомнение за негова поврзаност и со случајот на Горица Павлеска родена
1930 година, исто така од Кичево, која уште од 30-ти мај 2003 година е
пријавена како исчезната, но досега не е пронајдена.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 26
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 19 Окт 2008, 19:27

Општо познато е дека има премногу манијаци на интернет
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 19 Окт 2008, 16:07

Убил заради “Facebook“


Денес
луѓето понекогаш не знаат каде е границата меѓу реалноста и она што се
случува на друштвените веб страни. Но за жал во иднина може да
очекуваме само да се зголеми бројот на ваквите злосторства.


Еден маж си ја убил жената заради тоа што го понижила на веб-страната “Facebook“.

Вејн Форестeр (34) ја нападнал сопругата Еми со месарски нож затоа што
на “Facebook“ напишала дека сака да запознае и други мажи.

Тој најпрвин се отселил од куќата, а четири дена подоцна таа на својот
профил напишала дека е слободна. Возачот на камион Форестер бил уверен
дека жена му има љубовник и и се заканил дека ќе ја убие!

Во изјавата за полицијата Форестер рекол: “Еми и јас тукушто се разделивме. Ме избрка од мојата куќа, а потоа на интернет објави дека е сама и дека бара други мажи“.

“Ја сакав и бев многу понижен поради тоа што ми го направи“ – вака го објаснил убиството Форестер.

Си ја признал вината, а судијата Брајан Баркер му дал минимална казна од 14 години со образложение: “Направивте страшно недело. За тоа нема изговор или оправдување. Тоа трагично убиство предизвика неизбежно страдање“-рекол судијата.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 17 Окт 2008, 17:21

Не е тепана, туку пати од ретка кожна болест

Bethan-May
е една од 14-те луѓе во Британија односно 60 во свет кои патат од
болест на гломангиомите. Девојчето дневно пие коктел од дури 12 таблети.




Bethan-May Slater (9) од Велика Британија пати од ретка и тешка болест.
На нејзиното тело има темно сини флеки кои изгледаат како модрици. На
Bethan-May уште кога имала 2 годинки и било дијагностицирано заболување
на гломангиомите, заболување од кое во Британија патат 14, а во целиот
свет 60 луѓе.

Таа дневно мора да пие коктел од 12 таблети, а нејзините родители велат дека е неописливо храбра.

"Луѓето понекогаш се прашуваат каде ли паднала, но таа спремно им вели 'Тоа е мојата боја' и потоа се смее", вели нејзиниот татко 42 годишниот Тим. Многу мислат дека станува збор за девојче малтретирано од родителите.



"Потполно непознат човек ме обвини дека сум ја тепала својата
ќерка. Како да му објаснам дека станува збор за болест? Му објаснив
дека тоа е посебна кожа со прекрасна боја",
вели нејзината мајка Jacqui, која по седум години не се откажува од лекувањето на нејзината ќерка.

Нејзината фамилија се обидуваат да соберат 100.000 фунти за истражување на гломангиомите.


_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Чет 16 Окт 2008, 18:53

Бритни заборавила да се избричи

Поп
принцезата Бринти Спирс повторно го прави она што најдобро го знае, ги
освојува врвовите на музичките листи. Изгледа дека Бритни има премногу
работа па не стигнала да се избричи под пазуви. Папараците ја снимија
пред Dance Studio во Холивуд, и веднаш ја заблежаа оваа мала
неправилност која со задоволство ја фокусираа.




Со новата песна Womanizer Бритни направи бум на листата Billboard Hot 1000 Singles. Песната од 96. место се искачи на прво.

Ова е прв пат во историјата некоја песна да направи ваков скок. Песната
Womanizer е прва од новиот албум “Circus” кој ќе се најде во продажба
на 27-миот роденден на пејачката, на втори декември.

Албумот е дело на продуцентската екипа The Outsyders од Атланта.
Екипата која ја сочинуваат dr. Luke, Danja, Max ,Artin, Bloodshy &
Avant и Guy Sigsworth е одговорна за албумите на голем број ѕвезди,
помеѓу кои и Madonna, Alanis Morissette и Bjork.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пон 06 Окт 2008, 22:11

Сондата Пхоникс, снимила како паѓа снег од облаците високо над површината на Марс- соопшти во понеделникот НАСА.

Меѓутоа снегот испарил пред да падне на површината, покажале инструментите на Пхоникс.

“Никогаш предходно не е забележана ваква појава на Марс, продолжуваме со истражувањата да откриеме дали сепак снегот паднал на површината“ - изјавил Џим Вајтвеј од институтот Јорк во Торонто

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Нед 05 Окт 2008, 17:52

Како до совршен ден?

Најтешкиот дел од денот е утрото т.е будењето. А бидејќи по утрото се познава денот, еве неколку совети за како да имате убав ден.

1. Ладна вода
Миењето лице и заби е обавезно за почеток. Самиот звук на вода која тече делува „разбудително“, така да не го пропуштајте овој „ритуал“.

2. Топла напивка
Кафе, чај, какао...било што. Сепак ова одзема десетина минути сон, но ...вреди да се жртвува. Количината на шеќер цеднаш ви го покачува адреналинот и ве буди. Освен тоа, мирисот на кафето е најдобриот мирис кој сам по себе ви сигнализира дека цел
свет е на нога и ужува во своето утринско будење. Добра мотивација за почеток на денот.

3. Будење!
Малку за најтешкиот дел. Утринскио будилник, со звук кој длабоко ве погодува секое утро, може да биде заменет со некоја лесна мелодија од мобилен. Но, не премногу лесна да ве поттикне на пријатен сон. Многу често, подобра пракса е да ставите некоја тешка мелодија, а мобилниот го оставите на другиот крај на собата, така што би морале да станете од кревет. Ова не е препорачливо ако не сте единствени кои го слушаат. Сепак, нека уште една мотивација за кревање од креветот ви биде утринското кафенце и уште еден совршен ден.

4. Спремете си го креветот
Знаеме дека звучи полесно отколку што е, но дури и според Фенг шуи, најважно е ова да се заврши, бидејќи ова е првиот предизвик од денот и со успешно совладување на оваа задача ви претстои успех и на другите полиња.

5. Вежбање или пешачење
Ако имате време, препорачуваме неколку утрински вежби, или барем пешачење или возење велосипед. Тое е одличен начин да почнете да размислувате и концентрирате на дневните обврски кои ве чекаат, но и одлично е за кондиција и здравје.

6. Музика
Вашата омилена музика на дискмен, мп3 плеер или радио, многу помага при будење, а и општопознато е дека музиката не прави поопуштени и пооптимистични и ведри.

7. Читање весник
Добар совет е и додека чекате да имате при рака некое списание или весник. Таму секогаш има занимливости и вицеви кои ќе ве насмеат и расположат, така што цел ден ќе бидете насмеани. А ако тој ден нешто не ви оди, сетете се на вицот од претходниот ден.

8. И најважно
Пред излегување, бидејки компјутерот веќе ви е е вклучен за музика додека пиете кафе, обавезно погледнете дали има нешто ново на Тормозење и напишете збор два на форумот :)

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 03 Окт 2008, 18:27

И ГИ СКРАТИЛЕ ГРАДИТЕ ТЕШКИ 33 КИЛОГРАМИ



На Македонката Афродита Камбери (24) толку и ненормално и отекле градите што болката не можела повеќе да ја поднесува.

Проманата кај Камбери настанала откако останала бремена. Бидејќи повеќе не можела да ја поднесува болката лекарите и извршиле операција која траела седум часа и на младата идна мајка и ги намалиле градите кои тежеле неверојатни 33 килограми.

Според лекарите ваквите случаи се вистинска реткост, а самата Афродита изјавила: „Претпоставував дека градите ќе ми отечат но не во ваква мерка. Од болки не можев да спијам а потоа и од кревет не можев да станувам. Наместо градник користев крпа со која ги обмотував градите“.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Чет 02 Окт 2008, 22:29

Ова е извадок од текст

Астронаутот Zhai Zhigang стана првиот Кинез кој ја направи ’прошетката’ во вселената излегувајќи од кинескиот вселенски брод Shenzhou во технолошкиот потфат со кој Пекинг сака да го воодушеви светот.

“Се чувствувам сосема добро. Го поздравувам Кинескиот народ и целиот свет“ рекол Zhai додека излегувал од модулот

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 26 Сеп 2008, 23:39

Еве нешто романтично love you

Од овие работи да се пректикува барем една третина љубовта никогаш не би згаснала srce

Романтични нешта кои можете да ги правите со партнерот

1. Гледајте го заоѓањето на сонцето заедно.

2. Шепотете си еден на друг.

3. Гответе заедно.

4. Шетајте се на дождот.

5. Држете се за рака.

6. Купувајте си подароци.

7. Купувајте си рози.

8. Дознај кој и/му е омилен парфем и носи го секој пат кога сте заедно.

9. Одете на долга прошетка на плажа навечер.

10. Пишувајте си песнички еден на друг.

11. Гушкајте се.

12. Кажи те сакам само ако го мислиш тоа и увери се дека партнерот знае дека го мислиш.

13. Секој пат купувај различни подароци, цвеќиња чоколатца...

14. Кажи и дека таа/тој е единственото нешто што го сакате. Не лажи!

15. Поминете ја секоја слободна секунда заедно.

16. Гледајте се во очи.

17. Многу нежно допрете се за брадата, погледнете се во очи, кажете си дека се сакате и бакнете се нежно.

18. Кога сте на јавно место само флертувајте еден со друг.

19. Ставај и/му љубовни пораки во џебот кога не гледа.

20. Купи и прстен; а ти на него нешто од тимот за кој тој навива.

21. Пејте си еден на друг.

22. Секогаш држете се околу половина прегрнати.

23. Одете на вечера.

24. Пишувајте си љубовни пораки на мобилниот секоја вечер за добра ноќ.

25. Држете се за рака, гледајте се во очи, бакни и/му ја раката и тогаш стави ја на твоето срце.

26. Танцувајте заедно.

27. Нека ти се допадне начинот на кој твојот партнер заспал со неговата рака во твојот скут. И тоа е романтично:)

28. Прави слатки нешта. Напиши те сакам на опаку така што ќе треба да погледне во огледало за да прочита:)

29. Наоѓај изговори за да се слушате секој 5 минути на телефон.

30. И да си зафатен/а со нешто, направи исклучок и јави и/му се да кажеш те сакам.

31. Јави се кога подолго време не сте заедно за да и/му кажеш дека цело време
мислиш на неа/него.

32. Запамти ги твоите соништа и кажувај и/му за тоа.

33. Кажете си од што најмногу се плашите.

34. Биди принцот/принцезата „шарм“ кон родителите на партнерот.

35. Бушавете си ги косите.

36. Излегувајте со вашите другари.

37. Имајте почит еден кон друг.

38. Одете да гледате романтичен филм и запомни ги деловите што твојот партнер ги сака.

39. Учете еден од друг и не ги правете грешките по двапати.

40. Опиши ја радоста кога сте заедно.

41. Жртвувајте се еден за друг.

42. Сакајте се реално или пак не останувајте заедно долго време.

43. Нека нема ден да не помислиш на неа/него и увери се дека таа/тој тоа го знае.

44. Сакај се себе си пред да сакаш неког друг.

45. Научи да кажуаваш слатки работи и на други јазици.

46. Посвети и/му песна.

47. „Заспијте“ на телефон кога зборувате еден со друг

48. Брани ја/го кога некој ја/го навредува.

49. Не заборавајте да се бакнете за добра ноќ и да си кажете „слатки сништа“.

50. Верувајте си еден на друг.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Пет 26 Сеп 2008, 00:20

Прочитав дека некои двајца разбојници се заглавиле во лифт, при што подоцна ги фатила полицијата! icon icon

Па се бега ли со лифт бре laugh laugh laugh

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Сре 24 Сеп 2008, 17:07

Добре бе па толку ли да не се информирани дека пратките се проверуваат? ting ting
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Вто 23 Сеп 2008, 22:25

Си нарачале марихуана по интернет?!?


Скопјанец со девојката преку интернет од Велика Британија нарачале семки марихуана кои ги платиле 1900 денари со кредитна картичка, цариници ги откриле при проверка на пратката кога пристигнала во Пошта во Скопје.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   Сре 10 Сеп 2008, 22:12

Десет причини зошто треба да се смееме



Со смеењето најдобро му помагаме на нашето тело да
функционира колку што е можно подобро, го подобруваме здравјето, сме
поубави и го елиминираме стресот. Смеењето е израз на лицето што значи
чувствителност, љубов и среќа.


1. Смеењето е инспирација. Кога некој се смее, го сменува хуморот на
другите, и ги прави нештата подобри. Еден насмеан на човек ја пренесува
радоста околу себе.

2. Смеењето не прави поуспешни. Насмеаните луѓе се чувствуваат
посигурни, бидејќи се поддржани од голем број на други луѓе. Пробајте
да се смеете на некој собир или на некоја средба, ќе забележите дека
луѓето околу вас ќе се однесуваат комплетно поразлично. Секако ова не
значи дека треба да го направите тоа на погреби или на некои други
такви моменти.

3. Смеењето не прави да бидеме привлечни. Сите нас не привлекуваат луѓето што се смеат.

4. Смеењето ни го сменува нашиот хумор. Кога се чувствувате тажни
пробајте да се насмеете. Имаа многу начини вашиот хумор да биде
подобар. Смеењето може да направи телото да му помогне на паметот да се
чувствува многу подобро.

5. Смеењето ги намалува брчките на лицето и прави да изгледаме помлади.
Вежбањето на мускулите на лицето со смеење е најдобра вежба за лицето,
така што брчките од лицето со смеење комплетно исчезнуваат.

6. Смеењето го елиминира стресот. Еден човек што е под стрес или
изморен се препознава по лицето. Кога сте под стрес пробајте што повеќе
да се смеете, и стресот ќе исчезне.

7. Смеењето прави телото да биде сконцентрирано, тоа е природен лек
против болките. Смеењето е една природна дрога, што му помага на телото.

8. Смеењето го засилува имунитетниот систем. Кога се смееме му помагаме на имунитетот да функционира на подобар начин.

9. Смеењето го намалува и го регулира крвниот притисок. Ако дома
случајно имате апарат за покажување на притисокот направете ваков
експеримент: мерете го притисокот, после седнете и земете да читате
некое смешно списание, после некое време мерете го повторно притисокот
и ќе се изненадите.

10. Смеењето не прави да се чувствуваме позитивно. Направете го овој
тест: смејте се, и во смеењето помислете на нешто негативно без да
прекените со смеењето. Тоа е многу тешко! Или невозможно во смеењето да
мислите негативно. Кога се смееме нашето тело пренесува порака до
мозокот дека „животот е прекрасен“.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: На интернет прочитав..   

Вратете се на почетокот Go down
 
На интернет прочитав..
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЗАБАВА :: Актуелно-
Отиди до: