ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Совети за нега на раце,лице,коса...

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Пон 14 Сеп 2009, 18:26

Нега на нормална кожа



Ако спаѓате во групата девојки со нормална кожа, тогаш ви честитаме.
Вие немате ни половина работа од останатите девојки кога станува збор
за нега на кожата.
Дури ако имате мрсна т-зона,
а суви образи или, пак, кожата ви се менува во зависност од годишното
време, па е посува зиме, а помрсна лете, останувате во категоријата
нормална кожа.
Како што споменавме, маките ви се намалени, но тоа не значи дека
можете да заборавите на кожата. И нормалната кожа има потреба од секојдневна нега. Еве што треба да направите:
Во основната нега на секоја кожа е вклучено миењето на лицето
двапати во денот, наутро и пред легнување. Користете нежен тоник кој не
предизвикува иритации. Тоникот го освежува лицето, но не е неопходен.
Особено избегнувајте го ако содржи алкохол.
За да го одржувате нивото на хидратација, редовно нанесувајте крем.
Не експериментирајте и купете си од оние наменети за нормална кожа.
Единствено на што треба да обрнете внимание е УВ-факторот. Гледајте
кремот да содржи барем 10 СПФ-фактор.
Маските за лице се одлични за кожата бидејќи ѝ помагаат да се соочи
со надворешните услови, како промена на времето и големото загадување.
Доволно е да ги нанесувате еднаш во неделата или барем на секои две
недели.
Еднаш во месецот практикувајте пилинг за да се ослободите од
непотребниот слој на мртвите клетки. Сепак, со нормалната кожа не смее
да се претерува. Ако кожата ја навикнете на чест пилинг, таа ќе стане
зависна од тоа, а ризикувате да ѝ нанесете и трајна штета.
Тоа што треба да го запомните е дека за кожата да изгледа убаво и
блескаво потребно е да пиете вода и да консумирате свежа храна, особено
овошје и зеленчук.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Сре 09 Сеп 2009, 22:27

Хлоракол лосионот е супер за чистење на лицето (лосион против акни) Мислам дека го има во секоја аптека

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Нед 16 Aвг 2009, 01:36

Зошто доведува до појавување на акните и како да ги третираме... Многу
од нас ги поврзуваат акните со тинејџерските години и ги сфаќаат како
нешто што мистериозно исчезнува преку ноќ кога ќе станеме возрасни.



Како
и да е, со акните се „дружиме“ по поминувањето на тинејџерскиот период.
Според едно истражување, 14% од жените патат од акни помеѓу своите 26 и
44 години од животот. Sunil Chopra од Лондонскиот Центар за
Дерматологија признава дека секоја недела се јавуваат 20-30 нови случаи
со акни кои опфаќаат старосна граница помеѓу 20 и 50 години. Всушност,
просечната возраст на која луѓето добиваат акни е помеѓу 21 и 27-та
година од животот.



Акните
се појавуваат поради големата маснотија на кожата, позната како
„себум“. Колку повеќе себум се произведува, толку е помасна вашата кожа
и акните се во лоша и комплицирана состојба. Тогаш себумот заглавува
под порите и се воспалува, обојувајќи се во жар црвена боја.

Затоа настојувајте мрснотијата од лицето секоја пружена прилика да ја отстранувате со миење или пак чистење со тоник и лосион.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Пон 10 Aвг 2009, 03:13

Вчера прочитав на нет дека сокот од лимон бил добар за затварање на порите.
Да не се држи повеќе од 5 минути на лице, и да не се става често, затоа што кожата треба да диши, а порите треба да бидат отворени.
За оние со проширени пори, еве лек но во секој случај не треба да се употребува претерано често.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Нед 09 Aвг 2009, 15:32

Еве нешто за тоа како се третира оштетената коса:



Тврдата вода, боите, сушењето со фен, постепено, но сигурно го
сушат влакното. Без разлика дали ќе решите да не се бојосувате или да
намалите од нанесувањето на средствата за обликување, косата нема да го
има изгледот што го посакувате.
Останува заклучокот дека без разлика дали косата ви е природна или
бојосана, кратка или долга коса, густа или ретка, секоја сака нега и
внимание.

Тоа од што треба да тргнете е шампонот. Од
регенераторите и маските можете да се откажете, но не и од него. Трикот
се состои во тоа да не експериментирате со шампоните. За почеток можете
да се обидете со неколку за да видите кој најубаво дејствува на косата
и потоа употребувајте го него. Косата ќе ви покаже ако шампонот не дава
ефекти, таа ќе биде сува, без сјај и ќе изгледа секогаш неизмиена. Со
менување на шампонот за кратко време, вие му приредувате шок на
влакното што веќе се навикнало на одредени состојки.

На второ место е регенераторот. Најубаво е да се
обидете да најдете од оние што штитат од УВ-зраци. На тој начин одеднаш
ќе се ослободите од два проблема. Прво, косата нема да се електризира,
ќе биде мазна и убаво ќе паѓа. Второ, ќе ја заштитите од сончевите
зраци, а тоа е многу важно. Ако не успеете да најдете ваков
регенератор, побарајте друг вид производ, како спреј или силиконски
капки.

Користете соодветни производи. Освен на квалитетот,
мора да обрнувате внимание и на составот на производите. Нема потреба
да купите сé и да ѝ правите агресија на косата. Лекувајте ја со лекови
наменети за болеста. Постои разлика ако третирате сува коса или
оштетени врвови. Прочитајте го упатството за употреба пред да почнете
со третманите.

Редовно потскратувајте ги врвовите. Иако имате
долга коса, на секои две недели треба да ги одржувате врвовите. Еден
сантиметар не значи дека ќе ја изгубите должината. Но, ако одамна не
сте биле на фризер, тогаш мора да ја скратите косата до делот каде што
е оштетена. Редовното потскратување ги одржува врвовите и оневозможува
нивно двоење.

Практикувајте домашни природни третмани. Плодовите од природата
несомнено се најдобар начин за дејствување. Доволно е неколкупати да ги
масирате оштетените врвови и сувата коса со маслиново масло за да
забележите разлика.
Превземено од www.notformen.mk

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 33
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Саб 08 Aвг 2009, 21:06

ееее ако е од убаво моминско лице ке направиме леб од таа квасец-маска
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Саб 08 Aвг 2009, 21:00

Nikolaj напиша:
се јаде таа маска случајно? или може ли да се употреби за нешто

Ники се зезаш? laugh
Маска за лице е тоа. За нежно убаво лице..
Не се јаде и не се користи за ништо друго освен за нега на лицето. biggrin

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 33
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Саб 08 Aвг 2009, 20:56

се јаде таа маска случајно? или може ли да се употреби за нешто
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Саб 08 Aвг 2009, 18:22

Маска за лице од квасец..
Моментално ја имам на фаца laugh

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Чет 01 Јан 2009, 21:36

Зимава што почеста нега на косата, лицето, усните и рацете.
Коса: Маски за коса и силиконски капки барем еднаш до два пати месечно.
Рацете:Задолжително крема за раце
Усните:Лабело
Лицето: Маска за лице (природна-домашна сеедно) пилинг за лице еднаш неделно и секојдневно чистење на лицето со лосион и креми за заштита од надворешни влијанија.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 28
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   Чет 27 Ное 2008, 17:57

секоја недела со месечика си шправиме третман на лице со пилинг маска од алги и крема докторс
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Совети за нега на раце,лице,коса...   Пон 29 Сеп 2008, 16:29

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОСАТА

Оцетот од најдалечни времиња го користеле жените за одржување на убавината, посебно за одржување на косата. Неговото надворешно нанесување косата ја прави посвилена и посветла. По нанесувањето главна негова карактеристика е што не го остава непријатниот мирис што го има додека стои во некој сад.

Иако сите овие убавини можат да се постигнат и со дестилираниот оцет, сепак најдобри резултати се постигнуваат кога се користи „Јаболковиот оцет“. Во составот на „Јаболковиот оцет“ има голем број на ензими и минерали кои поради загревање и филтрирање се губат кај останатите видови на оцет.

„Јаболковиот оцет“ не само што и дава сјај и посебна убавина на косата, туку истата ја чисти и од разните насобрани нечистотии, посебно на оние кои остануваат по употребување на разни гелови и сјаеви. Исто така помага и при расплетување на долга замрсена коса.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Совети за нега на раце,лице,коса...   

Вратете се на почетокот Go down
 
Совети за нега на раце,лице,коса...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Мода & Убавина-
Отиди до: