ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Саб 10 Јан 2009, 15:59

Без Давиденко во Мелбурн

Поради
проблеми со повредата на левата петица, рускиот тенисер, Николај
Давиденко, го откажа настапот на првиот Гренд Слем турнир, сезонава,
Отвореното тениско првенство на Австралија што ќе се одржи во Мелбурн.
Давиденко повредата ја заработи за време на настапот на АТП турнирот во Ченаи.

"Прв
пат проблем со петицата имав уште во октомври за време на настапот во
Москва. Тогаш болката мина, но сега беше уште пострашно. Болките се
убиствени и не можам да замислам како би играл во Мелбурн и затоа решив
да се повлечам", изјави Давиденко.

Тој најави дека ќе се врати
дома да направи детални прегледи, но според првите резултати проблемот
со повредата треба да се санира со мирување, а следниот настап
Давиденко го планира на турнирот во Ротердам.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Вто 06 Јан 2009, 14:02

Сафин се тепа по Москва

Марат
Сафин со еден ден задоцнување пристигна на Хопман купот во Перт.
Непосредно пред почетокот на турнирот сите се прашуваа зошто е побарано
одложување, но кога тој се појави на теренот, модринките околу очите
беа појаснување за сите дилеми кои се појавија во Австралија.

Сафин
во Перт призна дека во текот на минатата недела учествувал во тепачка
во Москва, но патем не пропушти да каже дека на крајот испаднал како
победник во физичката пресметка.

"Во тепачката бев победник и
јас сум задоволен, во текот на минатата недела имам мали проблеми во
Москва, но сега се е во ред. Едноставно се најдов на погрешно место во
погрешно време", изјави Сафин.

Сепак и модринките не беа проблем
Сафин да го совлада Симоне Болели во два сета со 7:6 и 6:4 и
благодарејќи на триумфот на неговата сестра Динара во дуелот против
Флавија Пенета, Русија стигна до победа против Италија од 2:1.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Пет 26 Дек 2008, 13:00

Враќање на Филипузис

Поранешниот
финалист на Вимблдон и Флешинг Медоуз, Марк Филипузис, најави дека
наскоро има намера да се врати на тениските терени. Триесет и две
годишниот Филипузис за последен пат на еден АТП турнир учествуваше во
ноември 2006 година, но за следната сезона најави дека би сакал повторно да се активира.

Се
додека не почувствува дека влегува во посакуваната форма тој ќе
настапува на турнирите за ветерани, а првиот настап во новата сезона ќе
му биде во Мелбурн, каде заедно со Анри Леконт ќе партиципира во дубл.

Тој најавува дека би сакал повторно да учествува на Гренд Слем турнирите, но и да настапува во Дејвис купот.

"Немам
краен рок кога би се реактивирал, ќе почувствувам самиот кога имам
доволно сила за да можам да учествувам на еден АТП турнир", рече
Филипузис.

Тенисерот од Австралија најави дека нема да се срами
да се појави на челенџер турнирите и дека преку нив ќе се обиде да
освои што повеќе поени за да се врати на голема врата.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Пон 24 Ное 2008, 15:23

Дејвис купот за Шпанија!

Со
победата од 3:2 во сетови, во дуелот против Хозе Акасусо, Фернандо
Вердаско и донесе триумф на Шпанија во финалето на Дејвис купот против
селекцијата на Аргентина. На Гаучосите не им помогна ниту фактот дека
противникот играше без својот најдобар тенисер, Рафал Надал ниту пак дека настапија пред домашната публика во Мар дел Плата.

Вердаско
до победата против Акасусо дојде во меч што се играше во пет сета,
успевајќи да се врати во игра откако противникот имаше предност од 2:1
во сетови.

Дуелот траеше три часа и 56 минути, а првиот сет му
припадна на Вердаско со 6:3, потоа следуваше пресврт и следните два
сета Акаусо ги освои со 7:6 и 6:4, но следуваше пад во играта на
Аргентинецот по што шпанскиот репрезентативец ги освои следните два
сета со 6:3 и 6:1 за конечен триумф на неговата селекција.

Инаку Акасусо на теренот се појави откако мораше да го замени повредениот Хуан Мартин дел Потро.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Пон 17 Ное 2008, 22:59

Следна цел, број 1

Новак
Ѓоковиќ триумфално ја заврши сезоната. Дваесет и едногодишниот тенисер
од Србија ја одигра најдобрата година во својата кариера. Триумфираше
на Гренд Слем, се искачи на третото место на АТП листата, а сега полека
ги кова плановите за следната година, која според него треба да биде уште подобра.

"Навистина,
јас верувам дека имам квалитет да се искачам на првото место, можеби во
следната или пак за година или две, но може тоа и да биде за десет.
Избивањето на првото место на АТП листата е моја примарна цел, но во
минатото јас ја научив лекцијата. Ако премногу посветувам внимание на
ранкингот тогаш не оди како што треба", изјави Ѓоковиќ.

Српскиот
тенисер потенцира дека Рафаел Надал годинава заслужено ја завршува на
првото место, а тој во исто време е задоволен што неколку млади
тенисери почнаа да му парираат на неприкосновениот Роџер Федерер.

"Сега
битката не се води само меѓу еден или двајца тенисери, туку во
конкуренција пет-шест, а можеби и седум играчи кои имаат врвен квалитет
и можат секого да победат. Сметам дека тоа е добро за овој спорт и дека
е убаво што на големите турнири можат да се видат нови лица", продолжи
Ѓоковиќ.

Тој истакна дека е задоволен од настапот во оваа
сезона, но смета дека можел да има зад своето име уште некој триумф на
турнирите.

"Жал ми е што не изборив уште некоја победа или
пласман во финале. Сепак задоволен сум од резултатите. Сезоната ја
завршив во стилот како што ја започнав, со победа на еден голем турнир.
Тоа е голем мотив за следната година", заврши Ѓоковиќ.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Саб 25 Окт 2008, 23:03

Федерер најбогат тенисер!

Поранешниот
светски рекет број еден успеа да собори еден од рекордите што се во
сопственост на легендата на светскиот тенис, Пит Сампрас. Со пласманот
во следното коло од Мастерсот во Мадрид, Федерер на своето конто од
настапи на тениските турнири има инкасирано вкупно 43,3 милиони долари.

"Не,
не се чувствувам посебно. Убаво е зад своето име да имате одредени
рекорди. Јасно е дека е парите се многу важни во животот, но не е се во
нив", изјави Федерер.

Освојувачот на 13 Гренд Слем титули досега
има освоено точно 43 милиони 317.870 долари додека Сампрас од настапи
на тениски турнири заработил 43.280.489.

Сепак примарна цел на
Федерер кога станува збор за рушење на рекордите е на Сампрас е бројот
на трофеи на Гренд Слем турнирите. Федерер досега има 13, а лидер е
американскиот тенисер со 14.

Овие 43 милиони долари Федерер ги
има заработено за десет години настапи на АТП турнирите, а колку за
споредба еден Џон Мекинро има заработка од 12.552.132 (со 77 турнирски
победи), Бјорн Борг, скромни 3.655.751 (63 победи) или Иван Лендл
21.262.417 (94 победи).

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Сре 15 Окт 2008, 18:46

Федерер со намалено темпо

Светскиот
рекет број два, Роџер Федерер по неколку неделна пауза од настапи на
тениските турнири оваа недела ќе се појави на Мастерсот во Мадрид. Пред
почетокот на второто коло, тој потенцира дека нема многу да форсира до
крајот на сезоната и дека полека почнува да размислува за 2009 година.


покрај паузата јас уште сум заморен. Чувствувам дека ми треба уште
одмор, да бидам искрен не знам колку време ми треба да се одмарам, но
мислам дека тоа е подолг период. По малата пауза почнав да тренирам и
сум подготвен за настап тука во Мадрид", изјави Федерер.

Федерер
последен пат настапи за Дејвис куп репрезентацијата на Швајцарија, но
најверојатно ќе се откаже од партиципирањето на турнирот во Базел, кој
на програмата е следната недела.

"Во Базел е мојот дом, на тој
турнир како мал собирав топчиња, а потоа како професионалец успевав
неколку пати и да победа. Сепак во моментов уште не знам дали ќе ја
бранам титулата. Има време да донесам одлука има уште цела една
недела", заврши Федерер.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Пет 10 Окт 2008, 16:18

Србија против Шпанија
Според жрепката за првото коло од Дејвис купот за следната сезона, финалистот Шпанија за противник ќе ја има селекцијата на Србија додека САД и е домаќин на Швајцарија.




Дуелот на во моментов првиот и третиот тенисер, Рафал Надал и Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе се одигра во Мадрид, а исто така голем интерес предизвикува и двобојот на САД и Швајцарија, за коа повторно настапува Роџер Федерер.

"За жал немавме среќа, го добивме најтешкиот противник, а дополнителен проблем е што играме на гости. Очекувам дека ќе играме на земја иако во тој период ќе се игра на тврда подлога. Но со оглед на фактот дека Надал е господар на земја логично е да очекуваме дека домаќинот ќе игра токму на оваа подлога", изјави селекторот на Србија, Богдан Обрадовиќ.

Двојки Дејвис Куп - 1. коло:

Аргентина - Холандија
Франција - Чешка
САД - Шавјцарија
Хрватска - Чиле
Израел - Шведска
Романија - Русија
Австрија - Германија
Шпанија – Србија

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 32
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   Пон 06 Окт 2008, 22:20

Јанковиќ повторно на врвот
Од денеска и официјално, Јелена Јанковиќ, по победата во Штутгарт повторно се најде на првото место на ВТА листата за оваа недела. Смената на врвот на листата е и единствената измена во топ 10, кај дамите.

Јанковиќ има солидна предност во однос на Серена Вилијамс, која сега се наоѓа на второто место.

ВТА листа:

1. Јелена Јанковиќ Србија 4230 бода
2. Серена Вилијамс САД 4017
3. Динара Сафина Русија 3782
4. Елена Дементиева Русија 3470
5. Ана Ивановиќ Србија 3288
6. Марија Шарапова Русија 3041
7. Светлана Кузњецова Русија 2920
8. Венус Вилијамс САД 2311
9. Вера Звонарева Русија 2182
10. Агњешка Радванска Полска 2146

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...   

Вратете се на почетокот Go down
 
Најнови информации за странскиот и домашниот тенис...
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: СПОРТ :: Тенис-
Отиди до: