ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Депилација

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Депилација   Нед 30 Aвг 2009, 19:31

Со машинка трпам болка, задоволна сум од резултатите само тие поткожни влакненца незнам веќе како да ги извадам и што да им направам wllbash lut lut

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Депилација   Нед 30 Aвг 2009, 02:26


Денес постојат повеќе начини за тоа како да се ослободите од
несаканите влакненца по вашето тело. Секој метод си има свои предности
и недостатоци, но најважно од сé е правилната примена.
Ако во минатото се обрнувало внимание само на нозете, денес жените
депилираат буквално сé. Почнувајќи од интимните зони, па сé до лицето.
Нашите мајки можеби се чудат на ваквата постапка, но и самите
признаваат дека денес жените се далеку повлакнести за разлика од порано.
Можеби причината за тоа се крие во исхраната или во воздухот што го
дишеме, но нема да навлегуваме во тоа. Ајде да се задржиме на
карактеристиките на различните методи за полесно да се одлучите која ќе
ја применувате и каде.

Бричење.
Опис: бричењето е најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот метод за отстранување на влакната.
Болка: најчесто е безболно, освен во случај да се
исечете. Секогаш користете квалитетен брич и секако крем или масло за
бричење наместо сапун.
Зони: соодветни зони што може да ги поминете со
брич се нозете и пазувите. На жените што ги бричат и слабините, им
препорачуваме подобра опција, топол восок. Во никој случај не
посегнувајте со бричот на лицето на пример, брадата, веѓите или меките
влакненца над устата.
Недостаток: со бричот се отстранува само делот од
влакното над кожата. Коренот останува внатре и во рок од 3 дена се
појавуваат нови влакна. Се верува дека со бричењето влакната се
згуснуваат. Тоа можеби и не е точно, но со сигурност стануваат поцврсти.

Депилација со восок.
Опис: восокот е смеса што се нанесува на влакната,
најчесто во спротивен правец од нивното растење. Со восок влакната се
отстрануваат од корен, депилацијата трае 3 недели, а со текот на
времето влакното станува помеко.
Болка: болката е далеку поголема отколку при
бричењето, но сепак не е нешто што не може да се поднесе. Обично
најмногу боли првиот пат за подоцна кожата да се навикне на траумата.
Зони: со восок може да се депилираат сите зони од женското тело. Најмногу се препорачува за интимната зона и за лицето.
Недостаток: оваа метода има најмалку недостатоци.
Како најголем недостаток, можеби е цената што треба да ја плаќате во
козметичките салони. Секако дека на пазарот можете да најдете восок и
да се обидете депилацијата да ја изведете во домашни услови.

Кубење.
Опис: кубењето е метода на отстранување на влакната со помош на пинцета.
Болка: незначителна.
Зони: отстранувањето на влакната со помош на
пинцета е пред сé наменето за веѓите, но понекогаш може да се искористи
и за отстранување на некое тврдоглаво влакненце што не сака да излезе
со восок.
Недостаток: иако со пинцетата влакното се
отстранува од корен, сепак не може да се употреби за поголеми површини
бидејќи е бавна и напорна метода.

Депилирање со епилатор.
Опис: машинката е збир од повеќе пинцети што
работат на струја. Влакната ги вади од корен, еднаш ја купувате и ја
имате за подолго време, практична е за носење каде било.
Болка: депилирањето со машинка е речиси најболниот
начин за отстранување на влакната. Се појавува чувство на печење и
затоа се препорачува кожата да ја истегнете додека се поминувате со
епилаторот.
Зони: со епилаторот во секое време можете да ги
депилирате рацете и нозете, понекогаш и слабините, но не и целата
интима. Главата на епилаторот не се приспособува за да може да ги
дофати сите делови од женското тело.
Недостаток: покрај болката, лошото кај епилаторите е што треба да чекате влакното да достигне одредена должина, пред да го употребите.
Кремови.
Опис: кремот е лесен за нанесување, по неколку
минути се отстранува со стапче, а со тоа се отстрануваат и влакната.
Депилацијата со крем трае нешто подолго од бричењето. Доброто е тоа што
нозете ги прави исклучително мазни.
Болка: освен непријатниот мирис, не постои никаква болка кај оваа метода.
Зони: Кремот може да се нанесе речиси на сите зони, но не се препорачува да се нанесува на лице.
Недостаток: освен што не ги вади влакната од корен,
овој начин на депилирање може да предизвика иритација и црвенило на
кожата. Затоа употребувајте го кремот според упатството.

Отстранување на влакната со електролиза или со ласер.
Опис: методите се изведуваат само во козметичките салони од страна на стручно лице. Влакната се отстрануваат трајно.
Болка: треба да се подготвите бидејќи болката е мошне голема.
Зони: трајното отстранување на влакната може да се изведе без проблем на кој било дел од телото.
Недостаток: третманите се скапи и не се доживотни. По 2 години потребно е да се повтори целата постапка.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Депилација
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Мода & Убавина-
Отиди до: