ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Како до полесно забременување?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Како до полесно забременување?   Нед 30 Aвг 2009, 21:56

Во познатиот музеј на Рипли - Верувале или не во Миртл Бич во
американската држава Јужна Каролина, ќе бидат изложени две статуи на
плодноста кои според организаторот, може да им помогнат на
посетителките да добијат деца.
За само неколку месеци, 13 жени вработени во компанијата забремениле откако ги допреле статуите, пренесува МИА. Оттогаш,
статуите се изложувани ширум светот, а компанијата тврди дека повеќе од
2.000 жени забремениле откако ги допреле тие дрвени кипови. Статуите
ќе бидат изложени во музејот на Рипли со порака: Ве молиме не допирајте
ги експонатите, освен ако не сакате да имате бебе! Дрвените
статуи високи 1,5 метри се купени во 1993 година во Брегот на Слоновата
Коска за да го украсат седиштето на компанијата Рипли во Орландо, на
Флорида.
Фамозната статуа од која се забременува


_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 26
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Како до полесно забременување?   Нед 30 Aвг 2009, 21:35

Во оваа тема постирајте природни начини до побрза бременост.
На форумов можеби ќе дојдат мајки, девојки кои ќе сакаат бременост, па ајде се што ќе најдеме на нет како до полесно до забременување да постираме во оваа тема.


Околи 40% од случаите неплодна е жената, во 40 % мажот, а
преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се
неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи,
додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина
зачнуваат природно или со медицинска помош.


За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи
акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да
го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Масажа,
јога и медитација, исто така можат да помогнат.

Микронутриенти

Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток
од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на
лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти
растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и
сувите сливи.
Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата.

Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, бананите, тиквата, кељ и брокула.

Фолна киселина се препорачува на жените кои сакаат
да останат бремени во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно
месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки.
Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа.

Лековити растенија

Мацина трева (очајница) е лековито растение со кое
жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се
подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да
забремени. Не смее да се пие за време на менструација.


Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од месец дена.

Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени.

Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25
до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред
спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За
жени.

Ѓумбир - значајно го зголемува бројот на
сперматозоидите и винотот движење. Може да се зема во облик на чај или
како додаток, зачин во храната.
Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката.

Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие.
Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус
кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични како породување.

Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута.

Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка.


Америчка удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секое два часа, додека крварењето не престане.
Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови
од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од
овој чај, голтка по голтка.


Чајна мешавина – 1 лажица маточина и иван – цвет,
и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода.Да се
пие во текот на денот, не повеќе од три чаши.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Како до полесно забременување?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Забременување & Бременост-
Отиди до: