ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Брачна неплодност

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Брачна неплодност   Нед 30 Aвг 2009, 21:58


Брачната неплодност се дефинира како неможност за забременување после една
година од незаштитени и редовни сексуални односи. Ваквата дефиниција се
користи само како оквирна рамка.
Од вкупниот број жени кој се наоѓаат во репродуктивен период, месечната
веројатност за забременување е околу 20-25%. Ова значи дека на секои
100 жени кои се обидуваат да забременат, после еден месец 25 жени
навистина ќе забременат. Ако останатите 75 жени продолжат да се
обидуваат во вториот месец, 25% од нив или 18,75 повторно ќе
забременат. Во секој нареден месец бројот на оние кои не забременале ќе
се намалува за 25%. После една година околу 95% од почетната група на
жени ќе забременат. Токму вака е добиена дефиницијата за брачната
неплодност. Таа претставува статистичка дефиниција.
Способноста за забременување меѓутоа во голема мерка зависи и од возраста на
пациентката. Споменатата месечна веројатност за забременување (20 -
25%) е помала кај постарите во однос на помладите жени. За да
забременат 95% од нив потребен е подолг период од една година. Од друга
страна како што минува времето, нивната способност за забременување и
понатаму се намалува. Поради тоа, не е мудро кај повозрасните пациентки
да се советува чекање, со тоа нивната веројатност да забременат само се
намалува. Кај нив лекувањето треба порано да започне. Многу
специјалисти сметаат дека брачните парови на возраст од 37 или повеќе
години, наместо да чекаат една година, испитувањата за брачна
неплодност треба да ги започнат после 6 месеци.
Дефиницијата за брачна неплодност понатаму се прилагодува и во зависност од тоа дали
таа може да раѓа а не само врз можноста таа да остане бремена. Некои
жени на пример можат да останат бремени но тие потоа имаат спонтани
абортуси. Затоа кај жена на која и требале 8 месеци да забремени а
потоа имала спонтан абортус не го започнуваме наредниот месец како прв
месец во обидот за забременување.
И на крајот, основниот проблем за неплодност мора да се има во предвид. На
пример кај пациентка која има запушување на двете туби не треба да се
чека една година за да се докаже дека таа не може да забремени. Истото
важи и за пациентка која не овулира. Кај ваквите пациентки дијагнозата
за инфертилитет се поставува веднаш.

Инфертилитет наспроти субфертилитет
Терминот инфертилитет
во стварност е погрешен термин (тој подразбира неможност за
забременување). Најголем број од пациентките кои доаѓаат на преглед не
да не можат да забременат туку едноставно не забременале толку брзо
колку што сакаат. Поради тоа, подобар термин за ваквите пациентки е
субфертилитет. Ова значи дека ако им дадеме доволно време, пациентките
ќе забременат без никаква медицинска помош.
Но без разлика какви термини користиме (инфертилитет или субфертилитет)
брачните парови кои не можат да забременат имаат вистински проблем и
тие поради него вистински страдаат. Затоа ваквите пациентки треба да
бидат лекувани на ист начин како и било кој друг пациент со хронично
заболување.

Колкав е процентот на инфертилитет?
Публиковани се бројни проценки за бројот на инфертилни брачни парови. Во зависност
од развиеноста на земјата овој процент варира од 10 – 20 %. Во
Македонија овој процент е околу 16% од сите жени во
репродуктивен период. На жалост само една петтина од нив бараат
медицинска помош.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
 
Брачна неплодност
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Забременување & Бременост-
Отиди до: