ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Календар на бременост

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Календар на бременост   Нед 30 Aвг 2009, 22:05

28-ма Недела

Календар на бременост - 28-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 26 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе веќе тежи околу 1.1 кг и е долго од глава до крајот на торзо-25 сантиметри и 35 сантиметри од глава до пети.

Колку сте големи вие
Вашата матка е веќе многу над папокот. Кај некои бремености растот на
матката може да биде побавен и за другите може да изгледа како да се
случило преку ноќ. Вашата матка е 8 сантиметри над папокот, или 28
сантиметри на пубичната симфиза.

Вашата здобиена тежина во оваа фаза би требала да е меѓу 7.7 и 10kg.

Како се развива и расте вашето бебе
Отприлика во 28-та недела од вашата бременост, мозокот на вашето бебе
ги добива карактеристичните бразди на површината. Очните капаци и
трепките се веќе присутни и косата на вашето бебе веќе расте.

30-та Недела

Календар на бременост - 30-та Недела
Возраст на вашето бебе - 28 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе тежи околу 1.35 кг и е долго 38 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка е сега 10 сантиметри над папокот и околу 23 сантиметри од пубичната симфиза.

Во оваа фаза најверојатно ќе се чувствувате дека мора да истрчате од
собата, или дека може да експлодирате секој момент, но не се грижете
има само уште 10 недели. Плацентата, вашата матка и бебето ќе продолжат
да растат.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе биде доста активно овој период и ќе продолжи созревањето на сите органски ситеми.

32-ра Недела

Календар на бременост - 32-ра Недела
Возраст на вашето бебе - 30 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 1.8 кг и е долго околу 42 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега достига околу 12 сантиметри над вашиот папок или 32 сантиметри над пубичната симфиза.

Како се развива и расте вашето бебе
Во овој период можат да започнат болките во грб, особено доколку
стомачните мускули ви се слаби. Имено, доколку се слаби стомачните
мускули, тежината на плодот ја носи самиот грб, со исправување на
рамењата наназад за рамнотежа.

Во оваа недела кај вашето бебе:
Сите сетила се развиени и функционираат
Ирисот на очите, обобениот дел од окото, се проширува при светлина и се стеснува при затемнување.

34-та Недела

Календар на бременост - 34-та Недела
Возраст на вашето бебе - 32 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе тежи околу 2.28 килограми и е долго околу 44 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 14 см над папокот и 34 см над пубичната симфиза.

Овие мерки се само водич, бидејчи секоја бременост е разична. Важно е
да знаете дека матката со развојот на бебето соодветно се зголемува и
дека тоа укажува дека се е нормално.

Како се развива и расте вашето бебе
Веќе започнува да се развива имуниот систем на вашето бебе, со кој ќе
се бори против инфекциите. Очите на вашето бебе сега се сини, независно
од тоа каква боја ќе имаат потоа.

Кога ќе се спушти вашето бебе
Неколку недели пред породувањето ќе забележите промена во вашиот стомак
и ако сега се мери растојанието од врвот на матката до папокот ќе се
забележи дека ова растојание е намалено. Ова се случува кога главата на
бебето ќе влезе во породилниот канал.
Со ова ќе се јават и следниве промени:
Позитвни промени: Заради спуштањето на бебето ќе можете да дишете полесно и нема да се чувствувате толку „притиснати“.
Проблем: Зголемен притисок на мочниот меур и анусот и во целата карлица.

36-та Недела

Календар на бременост - 36-та Недела
Возраст на вашето бебе - 34 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 2.75 кг и е долго околу 46 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 14 сантиметри над вашиот папок и 36
сантиметри над пубичната симфиза. Вие би требало да имате 11.25-13.5 кг
повеќе во однос на периодот пред да забремените.

Како се развива и расте вашето бебе
Доколку вашето бебе сеуште не е спуштено во породилниот канал, тоа може
да се случи во овој период. Како е поставено вашето бебе ? Во овој
период од бременост можно е вашиот гинеколог да ја види поставеноста на
бебето во матката, во смисла дали е бебето нормално поставено, со
главата надолу или е со карлична поставеност.

До крајот на 36-тата недела вашето бебе ќе ја заземе породилната
позиција иако сеуште е можно да се сврти доколку таа позиција е
неповолна.

38-ма Недела

Календар на бременост - 38-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 36 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 3.1 кг и е долго околу 47 сантиметри. Може
да забележите дека нема промена во однос на претходната недела.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 16-17 сантиметри над вашиот папок и 37
саниметри над пубичната симфиза. Кај најголем број од жените овие мерки
не се променуваат во последните недели од бременоста.

Како се развива и расте вашето бебе
Во оваа недела од бременоста вашето бебе собира доста мекониум во
цревата, кој ќе помине низ хранопроводниот систем на бебето како прва
столица.

Вашата исхрана
Најверојатно во овие недели не ви е многу до јадење, затоа што се
чувствувате уморни и напнати. Сепак важно е да внимавате на исхраната и
пред се да земате почесто мали оброци.

40-та Недела

Календар на бременост - 40-та Недела
Возраст на вашето бебе - 38 Недели

Колку е големо вашето бебе
Честитки ! Доколку сеуште не сте го породиле вашето бебе, сега вашето
бебе е целосно спремно за да почне самостојно да живее. Просечно
бебињата тежат околу 3.4 кг и се долги околу 48 сантиметри.

Колку сте голема вие
Како што спомнавме и во претходната недела, вашата матка не се
зголемува во последните недели и сега врвот на матката е околу 16-20
сантиметри над вашиот папок.

Што да правите кога ќе започнат породилните трудови
Кога ќе започнат првите породилни знаци, на патот кон болницата би требало:

При патувањето во возилото не треба да седите исправено, туку најдобро
е да се навалите на лева страна ( за да се избегне притисокот на бебето
врз долната шуплива вена на мајката, што може да предизвика и губење на
свест, заради недостиг на крв во срцето и мозокот на мајката).

На почетокот на секоја контракција, земете длабок здив и издишете полека.

Честитки ! Вашата бременост наскоро ќе заврши. Вашето семејство ќе се
зголеми за еден, два или три нови члена. Раѓањето на бебето е уникатно
животно искуство и вашата љубов и приврзаност кон вашето бебе ќе расте
секој ден. И покрај долгите бессони ноќи кои следат во првите години,
сепак вашата врска со вашето бебе ќе расте секој ден !

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Календар на бременост   Нед 30 Aвг 2009, 22:05

14-та Недела

Календар на бременост - 14-та Недела
Возраст на вашето бебе - 12 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на бебето сега е 8-9.3 сантиметри и тежи околу 25 грама.

Колку сте големи вие
Во овој период од бременоста треба да почнете да размислувате за
поголема облека. Многу поудобно ќе ви биде доколку земете облека
поголема неколку броја, отколку да се трудите колку е можно подолго да
ја носите старата облека со откопчување на копчиња.
Секоја бременост е различна, не само помеѓу различни жени туку и две
бремености кај иста жена се различни. Може да се случи да се приметува
дека сте бремена порано или покасно во однос на претходните бремености.


Како се развива и расте вашето бебе
До оваа недела ушите на вашето бебе се на своето место, странично поставени на главата.
Вратот продолжува да расте и образот на бебето веќе не е потпрен на градите.
Продолжува развојот на генителните огани и сега е многу полесно со ехо-преглед да се одреди полот на бебето.

16-та Недела

Календар на бременост - 16-та Недела
Возраст на вашето бебе - 14 Недели

Колку е големо вашето бебе
Во оваа недела на вашата бременост, вашето бебе тежи околу 80 грама и е долго 10.8-11.6 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе е зголемена и може да се почувствува на 7.6
сантиметри под папокот. Зголемена е и количината на амнионска течност и
сега изнесува 250 милилитри.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе е покриено со лануго, од глава до пети. Ноктите се добро
формирани и папочната врвца е закачена за стомакот на бебето. Во овој
период нозете се подолги ид рацете и почнуваат да се придвижуваат од
време на време. Многу жени на почетотокот не сфаќаат дека всушност се
работи за движење на бебето, но набрзо тоа ќе им стане јасно.

Вашата исхрана
Една од убавите работи додека сте бремени е тоа дека речиси сите лекари
ќе ви кажат да имате повеќе мали оброци помеѓу главните јадења.

18-та Недела

Календар на бременост - 18-та Недела
Возраст на вашето бебе - 16 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега е долго околу 12.5-14 сантиметри и тежи околу 150 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе може да се напипа веднаш под папокот. Вкупно имате
околу 6-7 килограми повеќе, но тоа варира од бременост до бременост.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе продолжи да расте и да се развива, но сега ќе почне
малку да успорува. Срцето на вашето бебе започнува да се развива од
3-тата недела и во овој период, 18-та недела, со помош на ехо-преглед,
може да се установи евентуална абнормалност на срцето.

Вашата Исхрана
Железото има важна улога во бременоста и во оваа фаза ви требаат 30
милиграми дневно, заради зголемениот волумен на крв. Повеќе од
пренаталните витамини содржат доволно железо, но доколку мора да земате
таблети со железо, најдобро е да ги земате со сок од портокал или
лимон, за подобрување на апсорпцијата на железото.
Календар на бременост - 18-та Недела
Возраст на вашето бебе - 16 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега е долго околу 12.5-14 сантиметри и тежи околу 150 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе може да се напипа веднаш под папокот. Вкупно имате
околу 6-7 килограми повеќе, но тоа варира од бременост до бременост.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе продолжи да расте и да се развива, но сега ќе почне
малку да успорува. Срцето на вашето бебе започнува да се развива од
3-тата недела и во овој период, 18-та недела, со помош на ехо-преглед,
може да се установи евентуална абнормалност на срцето.

Вашата Исхрана
Железото има важна улога во бременоста и во оваа фаза ви требаат 30
милиграми дневно, заради зголемениот волумен на крв. Повеќе од
пренаталните витамини содржат доволно железо, но доколку мора да земате
таблети со железо, најдобро е да ги земате со сок од портокал или
лимон, за подобрување на апсорпцијата на железото.

20-та Недела

Календар на бременост - 20-та Недела
Возраст на вашето бебе - 18 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе сега е од 14-16 сантиметри и вашето бебе сега тежи околу 260 грами.

Колку сте големи вие
Вашата матка е до нивото на папокот оваа недела. Вашата матка редовно
ќе се мери при секој гинеколошки преглед со цел да се прати растот и
развојот на бебето. Од 20-тата недела вашата матка ќе започне да расте
по 1 сантиметар секоја недела.

Доколку растот заостанува, вашиот гинеколог ќе направи контролен
ехо-преглед за да провери дали е точно одредено траењето на бременоста
и да не има интраутерини проблеми со бебето кои го намалуваат неговиот
раст.

Како се развива и расте вашето бебе
Кожата која го покрива вашето бебе започнува да расте од два слоја,
епидермис-површен слој на кожата и дермис-длабок слој на кожата. Во
оваа фаза на бременоста кожата всушност е составена од 4 слоја. Во овој
период од развојот на бебето, кожата ќе почне да излачува материја
наречена верникс, која ја штити кожата на бебето од амнионската
течност. Изгледот на оваа матeрија најверојатно ќе го видите по
породувањето на бебето.

22-ра Недела

Календар на бременост - 22-ра Недела
Возраст на вашето бебе - 20 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе е околу 19 сантиметри и тежи околу 350 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега би треабло да е 2 сантиметри над папокот и 22
сантиметри над пубичната симфиза оваа недела. Би требало да уживате во
овој период затоа што знаците на бременост, утринското гадење веќе
поминаа, а не сте толку големи да ви биде постојано неудобно.

Како се развива и расте вашето бебе
Органските системи на вашето бебе стануваат специјализирани за нивната
посебна улога. Функцијата на феталниот црн дроб, на пример, е многу
поразличн од таа кај возрасен човек.

Вашата исхрана
Многу е важно редовно да пиете течности во текот на бременоста.
Течностите се неопходни за обработка на хранливите материи и нивна
апсорпција, одржување на волуменот на крв и регулација на телесната
температура.

24-та Недела

Календар на бременост - 24-та Недела
Возраст на вашето бебе - 22 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе е околу 21 сантиметар и тежи отприлика 540 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка би требало да е 5.1 сантиметар над папокот што е речиси 24 сантиметри над симфизата на карлицата.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе се повеќе личи не новороденче при породување иако е тешко само 540 грама и е многу мало.

Промени кај вас
Кај некои жени при бременоста се јавува почесто крварење од носот. Се
претпоставува дека ова настанува заради хормонални промени низ кои
минува телото на трудницата, кое се адаптира на бременоста, што
доведува до полесно крварење од крвните садови.

26-та Недела

Календар на бременост - 26-та Недела
Возраст на вашето бебе - 24 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 1 кг. Оваа недела неговата должина е околу
23 сантиметри. Отприлика оваа недела, бебето ќе почне да добива масно
ткиво.

Колку сте големи вие
Вашата матка е 6 сантиметри над папокот и 26 сантиметри на дпубичната
симфиза. Во втората половина од бременоста вие ќе добивате 1 сантиметар
неделно, доколку имате балансирана исхрана или 7.2-9.9 кг повеќе од
пред почетокот на бременоста.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе сега има образец на спиење. Ќе увидете дека во одреден
период од денот е поактивно отколку во другите периоди. Сите пет сетила
на бебето веќе се потполно развиени. Досега би требало да го слушнете
срцето на вашето бебе при посетите кај вашиот гинеколог.

Промени кај вас
Со зголемувањето на вашата матка, плацентата и како бебето станува
поголемо, така и вие добивате на тежина. Болки во грбот, главоболки,
грчеви на нозете и чувство на притисок во карлицата - сето ова сега се
појавува се почесто.

Вашата Исхрана
И покрај контроверзите, сепак јадењето риба е многу добро за вашата
бременост. Докажано е дека жените кои јаделе разновидни риби при
бременоста имале подолга бременост, резултирајќи со подобра породилна
тежина на бебето.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 30
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Календар на бременост   Нед 30 Aвг 2009, 22:03

Што можете да очекувате од календар на бременост?

Вашиот и растот на вашето бебе. Како растат вашиот стомак и вашето бебе.
Развојот на вашето бебе: Како се развива вашето бебе во матката.
Промени кај вас: Промени на телото и промени на расположението .
Информации за исхраната: Што треба да јадете а што не во текот на вашата бременост
Компликации: Можни компликации кај вас и вашето бебе во текот на бременоста

1-ва и 2-ра Недела

Во оваа фаза, иако звучи чудно, сеуште не сте бременa. Во првите две
недели ќе започне месечниот циклус, овулацијата и потоа концепцијата.

Нашиот календар на бременост е заснован на траење на бременоста од 40
недели, со што бременоста всушност започнува дури во третата недела.

Како се смета датата на породување?
Терминот на породување се пресметува со едноставно додавање 280 дена на
денот кога започнал последниот менструален циклус пред зачнувањето.
Човечкиот гестационен период трае 266 дена, така да со додавање на 14
дена, колку што трае првата фаза на менструалниот циклус (периодот до
овулација), доаѓаме до бројката од 280 дена.

4-та Недела

Календар на бременост - 4-та Недела
Возраст на вашето бебе - 2 Недели

Колку е големо вашето бебе
Иако вашето бебе сеуште е многу мало, со должина околу 0,36 милиметри до 1 милиметар, тоа расте и се развива брзо.

Колку сте големи вие
Сеуште е рано за да се примети разлика кај вас, како и за појава на
знаците а бременост. Всушност, најчесто во оваа недела трудниците
започнуваат да сфаќат дека е можно да се бремени.

Како се развива и расте вашето бебе
Иако бебето е многу мало, сепак се случуваат многу промени во вашето
тело. Сега имплантираната бластоциста веќе започнува да развива
амнионска шуплина, која подоцна ќе биде исполнета со амнионска течност.
Исто така започнува да се развива плацентата. Плацентата има многу
важна улога во лачењето хормони како и во транспортот на кислород и
хранливи материи.

Клетките кои се развиваат формираат обвивки. Од овие герминативни
обвивки се развиваат органите на вашето бебе. Постојат три обвивки:
ектодерм (надворешна обвивка), ендодерм (внатрешна обвивка) и мезодерм
(средна обвивка).
Ектодермот покасно ќе се развие во нервен систем, вклучувајќи го и големиот мозок .
Ендодермот ќе се развие во хранопроводен тракт, вклучувајќи го и црниот дроб, панкреасот и тироидната жлезда.
Од мезодермот ќе се развијат скелетот и сврзните ткива, крвта, мускулите и уро-гениталниот систем.

Промени кај вас
Веројатно очекувате следниот менструален циклус да зпочне точно сега, и
кога тоа нема да се случи, бременоста е веројатно првото нешто што ви
паѓа на памет. Постојат многу тестови за бременост за домашна
употреба, кои се ефтини и се купуваат без рецепт и кои можат да ја
детектираат бременоста многу рано, 10 дена по оплодувањето. Доколку
направете тест за бременост во овој период резултатите ќе се позитивни.

6-та Недела


Календар на бременост - 6-та Недела
Возраст на вашето бебе - 4 Недела

Топката од клетки-сега наречена ембрион - која расте во вашата матка,
сега е со големина на семка од јаболка. Ембрионот е поделен во три
обвивки од кои ќе се формираат органите и ткивата.

Невралната цевка (од која се формираат мозокот, рбетниот мозок и нервите) се формира од најгорната обвивка.

Срцето и циркулаторниот систем започнуваат да се појавуваат во средната обвивка.
Од третата обвивка се развиваат белите дробови, цревата и уринарниот
систем. Во меѓувреме, раната верзија на плацента, хорионски реси и
папочна врвца, кои обезбедуваат кислород и хранливи материи за бебето,
веќе функционираат.

Доколку сеуште не сте направиле домашен тест за бременост, неговото
изведување во овој период ќе ви ја потврди вашата бременост. Исто така,
постојат и други знаци кои укажуваат на тоа дека сте бремени. Дознајте
ја датата на породување со помош на нашиот калкулатор за бременост.
Откако ќе добиете потврда дека сте бремени, со домашниот тест за
бременост, обратете се кај вашиот гинеколог и матичен лекар. Добра
антенатална грижа (редовни прегледи пред породувањето) е најважна за
вашата безбедност и здравје како и за безбедноста и здравјето на вашето
бебе.

• Забелешка: Секое бебе се развива различно-дури и во матката. Целта на
календарот на бременост е да ви даде претстава за растот и развојот на
бебето во матката.

8-ма Недела

Календар на бременост - 8-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 6 Недели

Колку е големо вашето бебе
До 8-та недела од вашата бременост, големината на бебето е околку 1.4cm to 2cm.

Колку сте големи вие
Иако може сеуште да не се приметува, сепак вашата матка забрзано се зголемува, како одминуваат неделите.

Како се развива и расте вашето бебе
Кај вашето бебе се случуваат неверојатни промени и неговиот раст се забрзува уште повеќе во раните фази на бременоста.
Се појавуваат набори од кои се формираат очите, а истовремено се формираат и нервните клетки кои ја формираат ретината.
Врвот на носот е присутен.
Се развиваат ушите, и надворешните и внатрешните ушни канали.
Аорталните и белодорбните валвули се веќе присутни во срцето.
На рацете се формираат лакти и нозете се веќе истегнати нанапред.
На рацете и стапалата се забележуваат зачетоците на прстите.
Промени кај вас
Пред да забремените, вашата матка е со димензии на вашата тупаница, а
во овој период веќе е со димензии на грејпфрут. Поради развојот на
матката, можете да почувствувате грчеви, но не е невообичаено воопшто
да немате такви проблеми. .
Но, доколку грчевите се придружени со вагинално крварење, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог!
Забелешка: Секое бебе се развива различно-дури и во матката. Целта на
календарот на бременост е да ви даде претстава за растот и развојот на
бебето во матката.

10-та Недела

Календар на бременост - 10-та Недела
Возраст на вашето бебе - 8 Недели

Колку е големо вашето бебе
Во оваа недела вашето бебе е големо околу 3.1-4.2cm. Од оваа недела
започнуваме да ја мериме тежината на вашето бебе, бидејќи претходно
беше премногу мало. До оваа недела тежината на вашето бебе е 5g.

Колку сте големи вие?
Иако можеби добивате на тежина, сепак промените во тежината се постепени и сеуште не се видливи во оваа недела.

Како расте и како се развива вашето бебе?
Крајот на оваа недела го означува крајот на ембрионскиот период и
почеток на феталниот период на вашето бебе. Оваа фаза се карактеризира
со брз раст и разој на фетусот и во овој период фетусот е многу
чувствителен на надворешни фактори кои би можеле да го попречат
неговиот развој.

Вашата исхрана
Земањето доволно протеини со исхрана ќе ги обезбеди неопходните амино
киселини за раст на фетусот, плацентата, матката и дојките. Бременоста
ги зголемува потребите од протеини и тие би требало да претставуваат
15% од тоталниот дневен внес на калории.

12-та Недела

Календар на бременост - 12-та Недела
Возраст на вашето бебе - 10 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 8-14 грама и е долго околу 6 сантиметри.
Големината на вашето бебе е речиси дуплирана во последните 3 недели!

Колку големи сте вие
На крајот на 12-тата недела вашата матка е преголема за целосно да ја
собере во карлицата и како резултат на тоа, може да се напипа над
карличната коска, под папокот. Матката има извонредна способност за
растење додека сте бремени и ќе расте се до крајот на бременоста.
Неколку недели по породувањето ќе се врати во нормална големина.

Како се развива и расте вашето бебе
Во 12-тата недела при посета на вашиот гинеколог можете да го чуете
срцето на вашето бебе! Тоа е можно со помош на Доплер, кој ги засилува
звуците на работата на срцето на вашето бебе.
Скелетниот систем сега има центри на коскена формација (осификациони центри) речиси во сите коски.
Прстите и палците се раздвоени и почнуваат да растат нокти.
Надворешните полови органи почнуваат да покажуваат дискретни машки или женски карактеристики.
Хранопроводниот систем сега е способен да произведува контракции со кои храната се турка низ цревата.
Хипофизата, сместена на базата на големиот мозок, започнува да произведува хормони.
Количината на амнионска течност е зголемена и сега е околу 50 милилитри.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.4ulike.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Календар на бременост   

Вратете се на почетокот Go down
 
Календар на бременост
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Забременување & Бременост-
Отиди до: